За да се спречи одливот на квалификувана работна сила, според претседателот Пендаровски, неопходно е да се обидеме да ги направиме нашите економски системи податливи и за развој на економската слобода и за еднаквоста на можностите и посочи дека се неопходни реформи во виталните сегменти клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, димензионирање на образованието според барањата на пазарот на трудот и креирање квалитетни работни места, пренесе Макфакс.
Шефот на државбата денеска се обрати на 9-та Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуализирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“, што во организација на Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржува во Скопје.

„Како мала, отворена и увозно зависна економија, земјата диспропорционално ги чувствува ефектите од глобалните потреси и затоа е важно да биде пронајден модел за амортизирање на пазарните шокови во амбиент на постојано променливи економски околности“ рече претседателот.






