Шефот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
“Денеска, на 24 мај, ние во Република Македонија, заедно со другите народи од словенското говорно подрачје, го празнуваме делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Св. Кирил кое вели дека „без книга сите народи се голи“ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа”, пишува Пендаровски во честитката за празникот.
Содржината на пораката на Пендаровски е симболична затоа што доаѓа во момент кога министерката за образование Царовска турка кампања за укинување на печатените учебници во образованието.






