Претседателот Стево Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.



Тој денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.

Шефот на државата го реафирмираше ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

Пендаровски ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.