На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека претседателот Стево Пендаровски пее патриотска песна во која македонецот на душманите на Македонија им се заканува дека ако влезат во земјата живи нема да излезат.
Објавеното видео е снимено од ТВ емисија во која песната ја пее Сузана Спасовска а Пендаровски знае дека се снима и гласно пее што е крајно неприродно за него.
Во објавата нема информации кога е снимена емисијата и кога Пендаровски и неговата сопруга Бети ја пејат оваа патриотска песна но многумина се сомневаат дека учеството на шефот на државата во емисијата и неговото пеење на патриотска песна за ,,душманите” на Македонија има пропагандни политички односно предизборни цели.
Во своите настапи Пендаровски никогаш не вели Македонија туку инсистира на Северна Македонија.
Песната која Пендаровски ја пее пред камерите е ,,Земјо македонска” која е напишана и испеана од легендарниот македонски патриот и оперски пејач Симеон Гугуловски.
Луѓеееееее што доживеав. pic.twitter.com/9PWIkXyxyI
— Уништувач на лоботоми (@LMakedonecot) December 8, 2023





