Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски вели дека со неговата втора кандидатура за претседател по поразот во 2014 година, Заев и СДСМ направиле досега невиден потег со кој човек што еднаш загубил на претседателски избори повторно е кандидиран. Тој тврди дека во 2014 загубил поради наместени избори.
“Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.
Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.
Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја”, пишува Пендаровски чија кандидатура е договорена меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Заев и Ахмети.




