Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, рече на денешната прес-конференција претседателот на државата Стево Пендаровски.
„И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на Парламентот на која дел ќе биде и преку видеолинк и ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е ратификацијата на Пристапниот протокол за нашата држава за членство во Алијансата.
Колку е голема солидарноста на шпанскиот Парламент, министерката за родова еднаквост е заразена со вирусот, а во самоизолација е и вицепремиерот на шпанската Влада, рече Пендаровски.
По ова, како што додаде, на 17-ти март очекуваме само уште потпис од шпанскиот крал.





