Шефот на државата објави дека денеска лично добил информации како функционира една засега за јавноста малку позната организација која работи на промоција на прогресивна култура .
“Денеска непосредно се запознав со начинот на функционирање на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Креирајќи програми за развој и афирмација на уметнички и социокултурни практики, Центар – Јадро промовира инклузивна, демократска и прогресивна култура”, објави Пендаровски на социјалните мрежи.
Пред десетина дена општина Центар објави дека официјално започнал со работа Културно-социјалниот простор (КСП) „Центар-Јадро“, институција создадена со цивилно-јавно партнерство создадена низ партнерство помеѓу Општина Центар и Јадро Асоцијацијата.
Меѓу основачите и членовите на управувачките органи на „Центар-Јадро“, е советничката на култура на Стево Пендаровски Искра Гешовска.
Денеска непосредно се запознав со начинот на функционирање на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Креирајќи програми за развој и афирмација на уметнички и социокултурни практики, Центар – Јадро промовира инклузивна, демократска и прогресивна култура. pic.twitter.com/F81jwZnlPv
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) October 22, 2020




