Претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи извести дека примил „претставници на ОМО ‘Илинден’ и на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија“, избегнувајќи да прецизира дека станува збор за луѓе што се изјаснуваат како Македонци и како претставници на македонското малцинство во членката на Европската унија.



„Средба со претставници на ОМО ‘Илинден’ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија. Разговаравме за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.

Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година“, вели Пендаровски во својата објава на Фејсбук.