Претседателот Пендаровски на телевизиско интервју се претстави за како поголем ,,фахман” односно фактор од амбасадорката Анџела Агелер за ,,Црната листа” на САД.
Пендаровски тврди дека однапред му било најавено дека луѓето што веќе се на црната листа ќе дојдат на неа.
Предходно амбасадорката Анџела Агелер рече дека никој не може да знае однапред кој ќе дојде на црната листа.
,,Не се знае кој ќе биде следен на „црната листа“, посочи во јули американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер откако на неа беше ставен бизнисменот Орце Камчев.
Пендаровски на Канал 5 денеска вели дека
му било најавено дека лицата кои неодамна беа ставени на листата на Стејт Департментот ќе бидат на црната листа и најавува дека ќе има минимум уште едно лице во наредните месец и половина.
Дали Пендаровски информациите за црната листа ги добива по официјален дипломатски канал, со шпионажа на американките институции или нешто трето тој не откри.
Последната средба на Пендаровски со Агелер се случи завчера.
Според дигиталниот речник на македонскиот јазик зборот фахман се користи за специјалист, познавач, експерт.
Целото интервју со Пендаровски






