Пендаровски се чуди зошто Владата не го поканила на роденденот на “Тигар”

Врховниот командант на вооружените сили Стево Пендаровски не добил покана за вчерашното одбележување на 40-годишниот роденден на специјалната анти-терористичка единица „Тигар“ кој беше прославен во касарната Илинден.



Претседателот бил отсутен од церемонијата затоа што не добил покана.

Извори на Канал 5 во кабинетот на кабинетот на Пендаровски ја потврдиле информацијата, истовремено изразувајќи чудење, пренесува Фактор.

На церемонијата во касарната Илинден беше промовирано новото лого и амблемот на „Тигрите“, а државниот врв се поклони и на споменикот на загинатите припадници на оваа единица.

Покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е ресорен министер за оваа единица на церемонијата присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, првиот вицепремиер Артан груби, министерот за здравство Венко Филипче.

За разлика од Пендаровски на настанот бил повикан и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Пендаровски завчера на Советот за безбедност се сретна со неколкумина од луѓето кои вчера не го поканиле на прославата на Тигрите.

Видео од церемонијата.