Пендаровски: Радев се меша во внатрешните работи на НАТО-членка

По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радв дека одржал средба со шефовите на безбедносните служби, како што соопшти неговиот кабинет, „за да се преземат соодветни мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани од дијаспората, кои се цел на напади“, претседателот на Македонија Стево Пендаровски со реакција:



„Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО.

Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава“, вели шефот на државата.

Како држава кандидат за членство во ЕУ, вели Пендаровски, ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но, ниту во последниот годишен извештај за напредокот на Европската Унија не се регистрирани такви случаи“ реаира Пасндаровски како што пренесе СДК