Шефот на државата иронично е наречен аналитичар од страна на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Драган Ковачки.
Според Ковачки со својата изјава со која бара новиот договор со Бугарија да се гласа со просто мнозинство без за тоа да се добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии е удар врз собраниската резолуцијата со која Македонија ги постави своите државни позиции во спорот со Бугарија.
,,Аналитичарот Пендаровски штотуку ја погази резолуцијата што е донесена во Парламентот со поддршка на сите партии”, објави Ковачевски користејќи ги за Пендаровски хаштазите:
#ПолитичкиИИнтелектуаленОчајник
#Однароден
Во интервју за ТВ 24 Пендаровски побара финалното решение за Бугарија да не се гласа со 2/3 мнозинство затоа што тоа ќе било тешко да се постигне.
Зошто Пендаровски мисли дека договорот со Бугарија нема да биде прифатен и од опозицијата и бара просто мнозинство само од власта е посебно прашање на кое тој не дава одговор.
Аналитичарот Пендаровски штотуку ја погази резолуцијата што е донесена во Парламентот со поддршка на сите партии.#ПолитичкиИИнтелектуаленОчајник#Однароден pic.twitter.com/fUltMYrYf6
— Драган Ковачки (@Kovacki1) January 19, 2022






