Пендаровски признал дека поглавар на ИВЗ го направил претседател

Поранешниот лидер на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи во емисија на ТВ21 открива кршење на сите правила за секуларност на македонската држава.



Реџепи открива дека владини функционери и високи партиски лица интервенирале за гласовите на муслиманските верници кои биле под контрола на тогашниот поглавар на ИВЗ.

“Миле Зечевич од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити кои ме молеа да ги примам на состанок.

Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба.

Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски.

Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас.

Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја”, изјави Реџепи во интервјуто за ТВ21.