Претседателот Пендаровски во интервју за ТВ21 призна дека ако историските комисии меѓу Македонија и Бугарија не се договорат за заеднички историски решенија Бугарија ќе стави вето на Македонија во текот на преговорите.
Запрашан директно од новинарот Борјан Јовановски што ќе се случи ако нема договор меѓу двете комисии Пендривски директно одговара дека Бугарија ќе стави ново вето.
За Бугарија Гоце Делчев е Бугарин и официјална Софија сигурно нема да се откаже од обидот да ја наметне својата позиција во рамки на историската комисија која ќе решава за тоа.
Од друга страна македонската комисија не е подготвена да признае дека Делчев е Бугарин
Според билатералниот протокол кој владата го крие Македонија може да стане членка на ЕУ само ако има договор за сите историски личности, меѓу нив и за Делчев.
Пендаровски со изјавата само уште еднаш потврдува дека и да се прифати францускиот предлог Македонија ќе остане блокирана од Бугарија, освен ако власта не стави свои луѓе во комисијата кои ќе признаат дека Делчев е Бугарин.
Видеото во твитот
❗️Прво признание на @SPendarovski за штетноста од Историските прашања во преговарачката рамка.
–
Буквално: Ако Македонија не се согласи дека Гоце Делчев е етнички бугарин, добиваме вето ! pic.twitter.com/8w6kGw8upB— Демир (@Trollowsky) July 8, 2022
Целото интервју со Пендаровски на ТВ 21






