Претседателот на државата соопшти дека ги примил акредитивните писма на првиот дипломатски претставник на азиската држава Лаос за Македонија.
“Ситонг Читнхотинх, новиот амбасадор на Лаос за Македонија, тукушто ми ги предаде акредитивните писма 🇲🇰🇱🇦
Имаме заеднички интерес за унапредување на односите и соработката меѓу двете држави”, пишува Пендаровски по церемонијата од која објавува фотографија.
Од фотографијата не е јасно дали предавањето на акредитивите било онлајн, дали амбасадорот е само за Македонија или покрива повеќе држави ниту кои се заедничките интереси за унапредување на соработката.
Ситонг Читнхотинх, новиот амбасадор на Лаос за Северна Македонија, тукушто ми ги предаде акредитивните писма 🇲🇰🇱🇦
Имаме заеднички интерес за унапредување на односите и соработката меѓу двете држави. pic.twitter.com/NP63VvVCTL— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) February 18, 2021




