Пендаровски преку интернет од кабинетот до инфектолозите: “Издржете”

Претседателот Стево Пендаровски денеска од неговиот кабинет преку интернет разговарал со здравствени работници.



Освен со скопската итна помош и вработени во Здравствениот дом Скопје тој по видео врска разговарал и со вработени во клиниката за инфектологија во Скопје.

“Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас. Продолжете со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома. Разговор со вработените на Инфективната клиника”, напиша Пендаровски на Твитер до здравствените работници кои го носат најголемиот товар во борбата со коронавирусот.