Пендаровски: Прецизно да ги мерам зборовите кои ги искажувам

Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема (Гоце Делчев н.з.) и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја – вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Дојче веле



Истовремено – вели претседалот – во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите.

Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница. И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, вели Пендаровски во интервјуто за ДВ кое ќе биде објавено утре.