Пендаровски повторно фатен со различни ставови (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски повторно со помош на компаративно видео е “фатен” како за само две недели кажува дијаметрално спротивни ставови.



Овој пат споредбата покажува дека за Пендаровски со недостаток на Меѓународна мониторинг мисија на ОБСЕ/ОДИХР не се можни избори односно тој нема да ги признае.

Вчера Пендаровски ја повлече својата изјава и сега вели дека би прифатил и намалена функција на меѓународните монитори.

Во моментов во земјава нема ниту еден меѓународен набљудувач и речиси неверојатно е некој од нив да дојде до вторник кога официјално започнува кампањата според Заев и СДСМ.