На средбите со жителите на Дојран и Богданци, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ги повика граѓаните на 21 април, со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава
„Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок… Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот.”, рече Пендаровски.
Меѓу другото, тој ја нападна противкандидатката:Со глас даден за Гордана Сиљановска може да се вратиме само назад, во времето Груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов“.




