Политичарите се винови за иселувањето, вели Пендаровски




„Сите политичари имаме вина за иселувањето, треба да му се извиниме на македонскиот народ за лошите политики во овој дел“, рече претседателот Стево Пендаровски.
Тој смета дека пописот во 2011 бил прекинат затоа што се вмешала политика откако се увидело дека „малку луѓе се останати во државата.“

Неговата изјава дека и тој би се иселил доколку не е претседател, предизвика реакции во јавноста. а Пендаровски вели дека таа изјава е погрешно пренесена. 

Треба наместо да зборуваме во чие време колку луѓе се иселиле, да го средиме тој проблем, бидејќи не сме за фалење. Иселувањето не може целосно да се искорени, тоа не се случило никаде во светот, но може да се намали. (…) Поради претераната партизација се селат граѓаните, тоа мора да се смени“, рече Пендаровски.