Пендаровски под притисок, му бараат да твита на латиница

Косовски новинар и активист бара новиот претседател на Македонија да пишува статуси на Твитер барем на латиница ако веќе не сака на друг јазик освен македонскиот.



Адриатик Кељменди бара Пендаровски како претседател на мултиетничка држава избран од сите етницитети да користи латиница меѓу другото и затоа што така ќе имал поголема публика и ќе бил претседател на сите граѓани.

Според анализите од вкупно 425 илјади гласа со кои Пендаровски победи на изборите околу 140 илјади им припаѓаат на гласачи Албанци (Според ДУИ бројката на албански гласови е околу 200 илјади).