Шефот на државата Стево Пендаровски ќе изврши дополнителни консултации со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи околу тоа дали ќе даде виза ексдиректорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, да замине за амбасадор на Македонија во Франција, велат за „Слободен печат“ од кабинетот на претседателот на државата.
„Независно од фактот што Република Франција пред неколку месеци даде агреман за поставување на Виктор Димовски за амбасадор на Република Северна Македонија во Париз, претседателот Пендаровски смета дека поради најновиот развој на настаните потребно е да се направат дополнителни консултации со кабинетот на премиерот и Министерството за надворешни работи“, велат за „Слободен печат“ од кабинетот на Пендаровски.
Премиерот Ковачевски на новинарско прашање не прецизира дали случајот со македонското државјанство за контроверзниот олигарх Олександр Онишченко ќе ја одложи или забави процедурата Димовски да замине за амбасадор во Париз. Ковачевски топката ја префрли во Собранието и кај претседателот Пендаровски.
Премиерот не сакаше да коментира дали Владата избрза со изборот на Димоски за амбасадор додека трае истрагата за тоа кој треба да понесе одговорност за случајот „Онишченко“.
„






