Пендаровски стана ,,Пишман аџија”, за можноста да биде кандидат за претседател. Кога рекол НЕ, не мислел дека го прашуваат дали пак ќе се кандидира туку дали размислува за втор мандат.
Извор од кабинетот на Пендаровски за 360 Степени вели дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата.
Предходно повеќе медиуми пренесоа негова изјава во која тој вели дека нема да се кандидира на претстојните избори.
Прашањето од новинар упатено до него на маргините на денешната конференција за борба против корупцијата гласи „Дали размислувате за втор мандат“.
Пендаровски на прашањето кое е јасно одговара со „Не“.
Речиси сите медиуми со часови одговорот го толкуваат како негов одговор дека нема намера да се кандидира за попладнево Извор од кабинетот на Пендаровски да каже дека станува збор за погрешна интерпретација на одговорот и дека тој сакал да каже дека во овој момент не размислува за втор мандат, зашто сака да го заврши првиот, а оти има време кога ќе размислува дали повторно ќе се кандидира за шеф на државата.





