На завршниот предизборен митинг на коалицијата предводена од СДСМ пред граѓаните на Охрид Стево Пендаровски рече дека на претстојните избори граѓаните нема да гласаат за имиња, кариери, туку за политички концепти што стојат зад тие луѓе. Не станува збор дали Стево Пендаровски ќе биде претседател, туку дали Македонија ќе продолжи во истата насока, во прогрес кон Европа кон нормалниот и развиениот свет. Тој ги потсети охриѓани на постигнатото за овој двегодишен мандат на владеењето на СДСМ, дека после 14 години кандидатски статус, државата ќе добие датум за преговори за членство во ЕУ.
„Минатата година оваа генерација македонски политичари успеа да ја донесе Република Северна Македонија пред портите на Европа…. Македонија е пред портите на НАТО затоа што направи чекори какви 30 години претходни ниту една генерација политичари не ги направи“, рече Пендаровски.





