Бугарските граѓани со кои се сретнав во Скопје се Македонци и на никого ниту на Бугарија не треба да му пречи ако се среќавам со Македонците кои живеат надвор од Македонија.
Ова е коментарот на Пендаровски на новинарско прашање на прес конференцијата која се одржа по состанокот на државниот Совет за безбедност во нов состав а во кој сега се и премиерот Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Во еден од ставовите на Пендаровски на кој се очекува реакција од Софија шефот на државата ги искара членовите на бугарската комисија за историја и образование на кои им порача помалку да зборуваат во јавноста а повеќе да работат.
Пендаровски потврди дека постои силна анти НАТО и анти ЕУ пропаганда со која државата се справува со помош на НАТО.
Целиот прес на претседателот во видеото на ТВ21.
Кликни за видео
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/462286915559149/
Фото и видео ТВ 21





