Пендаровски откри „руска врска“ во МПЦ-ОА

Шефот на државата смета дека протестот во организација на МПЦ-ОА против предлог-законите за родова еднаквост и за родовата евиденција во матичните книгие, бил безпредметен бидејќи Владата ги повлече од процедура…



На прашањето дали руското влијание има вмешано прсти во протестот пртед Соборната црква во четвцртокот, престедателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 24 рече дека тоа постои, но не би било во ред да им се одземе легитимноста на оние што протестирале.

„Руско влијание неспорно имаше и при упадот на 27 април во Собранието, но не можеме да кажеме дека немаше легитимно незадоволство на граѓаните. И сега ако имате повик од највисоката инстанца, Синодот на МПЦ, не може да кажеме дека некоја руска служба го натерала дедо Стефан да потпише такво соопштение. Постои легитимна загриженост кај Синодот, не зборувам дали се во право или не се“, рече претседателот.

Тој посочи дека има налепени руски елементи и тоа во највисокото раководство на Синодот и „тие тоа го знаат“, пренбесе 24Инфо.

„Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни достојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа.

Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува“.

Тој беше дециден дека во јавноста не може да се сподели информација за имињата на оние кои се поврзуваат со руските служби, бидејќи тоа се сензитивни работи.

„Во бизнис заедницата на високи позиции има луѓе кои одработуваат за Русија, во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби“, додаде Пендаровски.