Пендаровски оди во пензија ако и ДУИ и триото Касами – Меџити – Гаши имаат свои кандидати за претседател!?

Претседателот Стево Пендаровски нема да се кандидира за втор мандат на претседателските избори и ќе замине во претседателка пензија доколку и албанската опозиција предводена од Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши и ДУИ истакнат свои кандидати за претседател.



Пендаровски официјално засега вели дека одлуката за кандидатура ќе ја донесе во Февруари но извесно е дека тој нема да се кандидира ако во првиот круг зависи само од СДСМ која се наоѓа во историски најлош рејтинг.

Дел од овие сценарија биле анализирани и на вчерашната вечера организирана од премиерот Ковачевски пред денешниот регионален форум за проектот на Европската комисија ,,План за раст”, тврдат упатени дипломатски извори за expres.mk.

На средбата на која се разговарало на темата бил и косовскиот премиер Албин Курти од чија партија минатата недела делегација од СДСМ во која беа Миле Зечевиќ и Бојан Маричиќ барала да изврши влијание Касами, Меџити и Гаши да не кандидираат свој човек за претстадел туку сите Албанци да го поддржат кандидатот на СДСМ.

Доколку албанската опозиција има свој кандидат тоа ќе значи дека и ДУИ ќе мора да истакне свој кандидат со што можноста Пендаровски да дојде до 200 илјади гласови по првиот круг на претседателските избори е само теоретска.

Во таков случај со двајца кандидати Албанци, Пендаровски потпирајќи се само на СДСМ, ЛДП, НСДП, партијата на Данела Арсовска и други минорни партии може да се надева на најмногу до 150 илјади гласови што ќе значи пораз до 200 илјади гласа од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг.

На бранот на ваква победа во првиот круг за претседател потоа на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ лесно ќе дојде до 61 пратеник, била една од анализите на средбата.

Изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и како таа да се спречи за една недела два пати е тема на регионални состаноци.

Повеќе детали

Чуден состав на ,,Лидерски состанок” во Скопје – Груби прогласен за лидер на Западен Балкан