Пендаровски одбил дуел со Силјановска на Алфа ТВ

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски прифатил па одбил соочување со противкандидатката Гордана Силјановска на ТВ дуел на оваа телевизија.



ОД ТВ Алфа, велат дека Тв дуелот на двајцата кандидати кои би влегле во вториот круг, го планирале за вториот дел од кампањата.

„Токму затоа уште во текот на првиот дел од кампањата, телевизија Алфа ги покани кандидатите за тв соочување со наведени датуми и термини согласно нашата програмска шема, при што добивме потврден одговор од сите штабови на кандидати кои ги поканивме.

Кога заврши првиот изборен круг, телевизија Алфа емитуваше рекламен спот со најава со однапред договорениот термин, за тв соочување меѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски, кандидатите кои ја продолжија претседателската трка.

Но од необјасниви причини, уште првиот ден од емитувањето на рекламниот спот, од штабот на кандидатот Стево Пендатовски не’ известија дека тој сепак нема да присуствува на тв дуелот. Тв Алфа побара објаснување, но до денеска, не доби,“соопштија от ТВ Алфа.