Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, предвидува масовен прилив на бегалци што бегаат од тензиите во Авганистан.
Тој ја споредува актуелната ситуација со мигрантската криза што ја поларизираше Европа и ја направи неговата балканска држава симбол на политичката битка околу имиграцијата во периодот 2015-16 година, објавува Радиото Слободна Европа.
„Можно е да се очекува нов бран бегалци“, вели Пендаровски, кој беше избран за претседател на неговата земја кандидат за ЕУ во 2019 година, за Балканската служба на РСЕ.
„И најверојатно ќе биде како што видовме во 2015 и 2016 година кога милион и пол луѓе транзитираа низ нашата територија и низ овој регион“, вели Македонскиот претседател.
Минатиот месец, Соединетите држави и сојузниците во НАТО евакуираа десетици илјади Авганистанци под ризик од одмазда на Талибанците од Кабул, пред целосно повлекување на меѓународните трупи, но десетици илјади други, за кои се мислеше дека сакаат да излезат, беа оставени во Авганистан, пишува радиото.





