Претседателот Пендаровски или не знае или свесно манипулира, обвинува екс пратеникот Илија Димовски во врска со последниот настап на шефот на државата на телевизија.
Димовски вели дека Пендровски и владат не можат своите грешки да ги ,,покријат” со ставовите на опозицијата која на време им објасни што ќе се случува.
,,Во своето интервју на ТВ Телма
тврдеше дека се одржала затворена седница на тема “Преспански договор”
на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија.
Таква седница никогаш не се одржала.
Имало таква седница,
но на тема Договор со Бугарија
на која на претставниците на Владата пред време им беа кажани последиците од потпишување
на таков асиметричен и штетен договор за Македонија.
Заслепеноста на Владата, незнаењето и недораснатоста во врска со Договорот со Бугарија ја доведе Република Македонија во пат позиција.
Владата и тогаш, одби да ја послуша опозицијата.
Владата и денес, одбива да се консултира со опозицијата.
За штетните политики и одлуки на Владата и Претседателот Пендаровски нема можност, ниту оправданост власта да се надева на покритие од страна на опозицијата.
Договорот не реши ниту еден проблем.
Договорот создаде нови проблеми.
Договорот и даде право на Бугарија да создава кочници на Република Македонија на патот кон ЕУ.
Договорот и даде право на Бугарија да се меша во идентитетските, историските и културните прашања на македонскиот народ.
Стево Пендаровски го поддржуваше тој договор и како носител на високи државни позиции е еднакво одговорен како и Владата.
Што и да е вистина, да не знаел или пак да се обидел да манипулира, не доликува за Претседател на држава”, вели Димовски според кого жално е што овие години беа погазени и уништени сите македонски позиции во односите со соседите.






