Одговорајќи на новинарско прашање, претседателот Стево Пендароски денеска рече дека ниедна вонредна состојба досега не беше воведена поради бројката на заразени од коронавирусот.



„Вонредната состојба нема врска со тоа како здравствените власти се справуваат со пандемијата на коронаирусот“, рече Пендаровски туку затоа што немаме парламент и за да може владата да одговори на предизвикот во здравствената и економската сфера.

Пендаровски денеска одлучи да не ја продолжи вонредната состојба која истекува во сабота

„Знам дека граѓаните не размислуаат за избори во време на пораст на заболени, но тие се неопходни за функционален парламент и легитимна влада“ рече Пендаровски.