Пендаровски нема проблем со ,,мадињата” на Ковачевски но се буни за ,,алапачата” од Николовски

Претседателот Стево Пендаровски кој своите граѓани гласачи ги нарекуваше ,,стока” и кој јавно упатуваше најпогрдни називи за други политичари реагира што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го нарекол ,,алапача”.



Според него тоа било уличен вокабулар и вториот човек на опозицијата требало да нема пристап до медиумите поради неговото комуницирање на тој начин.

Од друга страна Пендаровски молчи цели 48 часа по обраќањето на премиерот Ковачевски пред дипломатска академија во Виена, каде во говорот се истакна со зборот “мадиња” при носењето владини одлуки.

Дали можеби понеделнички утре Пендаровски ќе реагира со соопштение до медиумите дека ова е уличен, непристоен и вулгарен вокабулар на премиерот, поради што медиумите треба да го избегнуваат.

Или ќе замолкне затоа што за него од (не)разбирливи причини се прифатливи ,,мадињата” на Ковачевски а неприфатлива ,,алапачата” на Николовски.