Претседателот Стево Пендаровски нема да се сретне со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, објаснувајќи го тоа со санкциите кон Русија што предвидуваат и нејзина дипломатска изолација.
„Нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, која што гледам медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приклучуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолитааѕ Руската федерација“, изјави Пендаровски во „Топ тема“ на ТВ Телма.






