„Не дека не може да се промени, туку затоа што треба промена на Устав, што во принцип е тешко и нема да добиете согласност од претпоставениот албански партнер, не поради содржината на Преспанскиот договор и новото име, туку на тој начин практично ја блокирате земјата кон евроатлантските интеграции.
А тоа е ултимативен интерес на секој од нас“ , вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за МКД.МК.
Според негова проценка, како што вели , „во однос на Договорот од Преспа шансите за промена се еднакви на нула“.
Во интервјуто, претседателот вели дека декларацијата на Бугарската академија на науките БАН, гои пооткопува договорот со Софија.
„Во однос на Договорот со Бугарија, објективно имаме една неповолна околност со Декларацијата што беше усвоена во бугарскиот парламент и веројатно веднаш по отворањето на преговорите ќе се постави како нивна позиција и во Брисел. Таа декларација, знаете, е со прилично негативна реторика и на неколку места, по мое убедување, директно го поткопува Договорот.
(…) Она што непријатно ме изненади е неверојатното мнозинство со кое беше усвоена Декларацијата во Парламентот. Само 4 пратеници беа против.
Тоа ќе биде пречка ако бугарската страна, кога ќе почнат преговорите, инсистира на некои формулации од тој документ што се анахрони со времето во кое живееме и со документот што го потпишавме“, вели Пендаровски во интервјуто.





