Се шпекулира дека СДСМ за свои кандидати за претседател на идните избори ги има Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, актуелниот претседател Стево Пендаровски и Миле Зечевиќ.
За ова својот став го даде Стево Пендаровски во синоќешното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.
„Со сите овие кои ги споменавте имам одлична соработка, но ако ме прашате мене, според информациите кои ги имам, процесите за кандидат од СДСМ и натаму не е започнати.
Јас бев поддржан од ДУИ и од 20-30 помали политички партии, затоа што немаа свој кандидат.
Не можам да знам дали СДСМ и ДУИ сега ќе одат со одвоени кандидати“, изјави Пендаровски.






