„Да бидам директен и отворен. Македонските граѓани се заморени во нови и нови методи според кои треба да се приклучиме во оваа организација“, вели претседателот Стево Пендаровски запрашан за новите планови за помош и за проширувањето на Западен Балкан за кои зборуваат Фон дер Лајен и Емануел Макрон.



Во интервјуто за Радио слободна Европа Пендаровски вели:.

„Францускиот претседател Макрон пред 3 години побара нова методологија, која тврдеше дека ќе биде поефикасна и далеку покуса.

Велеше како ќе напредувате кластер по кластер веднаш ќе чувствувате придобивки под членство, нема да чекате до последен момент кога ќе станете полноправна членка.

За жал, до овој момент и двете држави од Западен Балкан, Србија и Црна Гора кои се во процес на преговори повеќе од деценија, не почнале практично преговори во новата методологија.

Не ни се потребни нови форми на соработка во тоа поле за да станеме членка на ЕУ еден ден“, вели претседателот на државата.

Запрашан дали војната во Украина може да биде моментум во проширувањето на Унијата, Пендаровски со одговор:

„Има моментум, но јас ја спорам позадината на тој моментум, мотивацијата. Ако дадете статус на кандидат на Украина, на Молдавија и на Босна и Херцеговина со одредени условувања, имено заради војната во Украина, моето прашање до европските званичници е што ќе се случи кога, дај боже утре, престане војната во Украина?

Ако треба да чекаме војна на континентот, вам да ви текне Западниот Балкан и дел од таканареченото источно партнерство треба по децении чекање формално да стане дел од ЕУ, се плашам дека тој тип на резонирање не бил никогаш карактеристичен за ЕУ.

…Не би сакал да видам моментум за приклучување на Западен Балкан, вклучително и Македонија во Европа само затоа што има војна некаде на континентот“.