Пендаровски не прифаќа вина што пишувал како “северномакедонски” претседател

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не признава дека при средбата со претседателката на Словачката Република, Сузана Чапутова во Братислава е направена грешка кога тој се потпишал во книгата на впечатоци како северномакедонски претседател.



Од кабинетот на претседателот појаснуваат дека „напишаниот текст е на словачки јазик и согласно граматичките правила на словачкиот јазик. Впрочем, тие самите својата држава на својот словачки јазик ја нарекуваат „Словенска република”, значи со придавка“.

Твоја партија, како што објавивме претходно, на својот профил на социјалните мрежи побара објаснување од претседателот како можел да се потпише на таков документ.

“Пред одржувањето на средбата од страна на протоколот на претседателот Пендаровски е дадена забелешка во однос на начинот на кој е напишано името на Република Северна Македонија, при што од домаќините е добиено образложението за називот на словачки јазик. Сметаме дека не постои никаков превид ниту каква било намера од страна на словачките домаќини”, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Скандал: Пендаровски прифатил да биде северномакедонски претседател (ФОТО)