Пендаровски не ги демантира информациите за можен руски напад

Шефот на државата денеска не реагираше на информацијата на медиуми блиски на СДСМ кои тврдат дека Пендаровски вчера зборувал за можен руски напад во наредниве 7 недели.



Според порталот Мактел кој е близок на кабинетот на премиерот Заев и врвот на СДСМ Пендаровски кој вчера зборуваше за турбуленции мислел на руски воен или друг вид напад.

“Пендаровски предупреди од Руски напад: За 50 дена можно е да влеземе во политички и безбедносно турбулентен период затоа што ќе финишира влезот во НАТО”, пишува порталот кој важи за близок на влијателни членови на владата.

Кабинетот на претседателот на државата денеска не го демантираше порталот што отвара дилеми дали Македонија се соочува со воени и други предизвици организирани од официјална Москва.