Пендаровски наскоро ќе ја посети Бугарија

Претседателите Румен Радев и Стево Пендаровски остварија телефонски разговор на кој, меѓу другото, разговараа за подготовките за претстојната официјална посета на шефот на македонската држава на Бугарија.



Во телефонскиот разговор денеска, Радев и Пендаровски ја потврдија подготвеноста за продолжување на активната улога на двете претседателски институции во поддршка на натамошниот развој на билатералната соработка.

Во таа насока, двајцата претседатели ја констатираа новата динамика во билатералните односи, која се очекува да ја зајакне довербата меѓу Бугарија и Македонија.

Разговорот го иницираше претседателот Стево Пендаровски, кој му честиташе на Румен Радев за преземањето на функцијата и му посака успешен мандат.