Пендаровски: Нашата опција е само напред

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски на стартот на претседателската кампања потсети уште еденаш дека за прв пат во историјата на државата зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.



Тој својата кампања ја започна со митинг во Прилеп.

„Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета се лаже, или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на максимална мобилизација и излезност на изборите, повика претседателскиот кандидат, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Крушево .

На трибината во рамките на предизборната кампања присуствуваше и премиерот.

„Влеговме во тим за големи прашања, ги решаваме. Донесовме важни одлуки и продолжуваме напред. Со претседателски кандидат кој ќе биде ветар во грб, кој ќе биде сидро, ќе чекориме уште побрзо напред. Ова е патот.

Да избереме човек кој ќе води, оваа земја е на Стево, е на Заев, но е и на сите граѓани кои повикувам масовно да излезат на гласање, заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.