„На 21 април и на 5 мај, на избори, да дадеме ветер во грб на политиките на оваа власт за да покажеме дека нашата Македонија е на правиот пат, а не да дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата.
Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се ќе поништат и ревидираат се што оваа власт направи добро за народот и за државата.
Затоа, масовно да излеземе на изборите и да гласаме за број 3, за да продолжиме по вистинскиот пат заедно напред“, повика претседателскиот кандидат Ставо Пендаровски на средбите со граѓаните во Василево и Босилево.
.Пендаровски истакна дека претстојните избори се особено важни за да продолжат реформите, да продолжи напредокот во интеграциите кон НАТО и ЕУ, пренесе МКД:МК.




