Националниот координатор за НАТО и потенцијален кандидат за претседател Стево Пендаровски преживува тешки моменти на соцојалните мрежи.
„Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме de facto членка на #НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму“, напиша Пендаровски на Твитер, по што не доби ни една порака на поддршка.
Една од забелешките кон него се однесува на неупотребата на зборовите Македонија и македонски во постот.
Во друг коментар се поставува дилема дали НАТО или ЕУ е главна стратешка цел на Македонија.
Останатите коментари прочитајте ги во твитот
Денес, по цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме de facto членка на #НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму. pic.twitter.com/SM1VYdH72F
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) February 6, 2019




