Пендаровски на средба со Зендели од Беса (ФОТО)

Порталот на албански јазик “Без цензура” објавува фотографија од средба на пратеникот Фадиљ Зендели на БЕСА на Касами со националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.



Извори во БЕСА ја потврдуваат средбата која се случила вчера напладне во Скопје а на неа се разговарало за можна соработка меѓу БЕСА и Пендаровски како консензуален кандидат за претседател.

Неколку часа по оваа средба се сретнаа премиерот Заев и лидерот на БЕСА Касами.

За Касами и неговата партија најдобар кандидат за консензуален претседател доколку воопшто влезат во изборна коалиција со СДСМ и ДУИ е Пендаровски.

За БЕСА Никола Димитров и Радмила Шеќеринска нема добро да минат кај голем дел од албанскиот електорат.