Пендаровски му сврте грб на Заев: Австрискиот амбасадор е во право

Шефот на државата смета дека не е никакво мешање во внатрешните работи реакцијата на австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас, кој обелодени дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви.



Пендаровски, напротив, смета дека, секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја.

„И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите.

Заев му се закани на австрискиот амбвасадор со тужба

Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, рече Пендаровски.

Причина за реакцијата на австрискиот амбасадор е што фирмата АММА од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма, не може да си го наплати долгот.

Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник.

„Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово“, наведе амбасадата на Австрија.