Пендаровски молчи за обвинувањето на Филипче кој тврди дека направил лапсус

Претседателот Пендаровски молчи за тврдењето на министерот за здравство Венко Филипче според кој шефот на државата згрешил кога изјавил дека преговарал со компанијата Фајзер за набавка на вакцини и му било кажано дека не даваат вакцини на земји со помалку од два милиони жители.



Во интервју за Телма Филипче вели дека Пендаровски направил лапсус затоа што шефот на државата кажал Фајзер а мислел на фирмата Модерна со која преговарал и тој самиот.

„Пендаровски направил веројатно лапсус, затоа што таков коментар нашите претставници добиле од компанијата Модерна“, изјавил Филипче, коментирајќи ја изјавата на претседателот Пендаровски дека во разговорите со Фајзер било кажано дека тие не се интересираат за обезбедување вакцини на држави со помалку од 2 милиони жители.

Од кабинетот на Пендаровски засега не ја коментираат навредлива изјава на Венко Филипче според која шефот на државата не знае што зборува за најважната работа во моментов за граѓаните.

Целата емисија со Филипче на Телма

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1129744634142376/