Кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател Стево Пендаровски објави дека се сомнева дека е следен и фотографиран од тајна разузнавачка служба која што била во контакт со една голема опозициска партија.
Пендаровски во емисија на 1ТВ изјави дека бил сликан во центарот на Скопје на паркинг каде што според него не минуваат граѓани случајни минувачи.
На фотографијата која го испровоцира да обвини дека е следен од тајна разузнавачка служба а која беше објавена од граѓани на социјалните мрежи се гледа дека тој седи во возило и најверојатно гледа во телефон или во документи.
Пендаровски признава дека е фотографиран во неговото возило иако според медиумите тој во анкетниот лист како возило пријавил само Југо 45 старо над 20 години.
Националниот координатор за НАТО не открива прецизно за која служба се работи ниту за која голема опозициска партија.
Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Алијанса ниту БЕСА како големи опозициски партии не го коментираа веднаш тврдењето на Пендаровски.
На социјалните мрежи тврдењето на Пендаровски се објаснува со негов обид да се спинува фактот што тој е фатен дека наместо Југо 45 вози поново возило со многу подобри перформанси а тоа не е пријавено во анкетниот лист.
Дај бе не се заебавајте со човеков и не го штракајте по паркинзи. Јеб_____ га тајна разузнавачка служба што го провалила дека не вози југо. #Апсаана pic.twitter.com/yi41gLBcsL
— #Бојкотирам (@bojkotiram) March 7, 2019




