Во синоќешното гостување во дебатниот магазин “Клик Плус“ на Телевизија 21, кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, меѓу другото рече дека не е пожелно институциите да имаат етнички имиња.



„Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите. Македонска телевизија, јас го кажувам илјада пати тој пример. Македонска Армија беше првиот нацрт на законот за одбрана. Стоеше Македонска Армија. Целокупната група на ПДП, во тоа време 23 пратеници Албанци напуштија и рекоа ние нема да се вратиме назад во институциите. Во тоа време уште имавме армија од регрути, не професионалци, вели нема да имате ниту еден регрут Албанец бидејќи тие со овој назив, го толкуваат тоа дека е тоа армија само на Македонци.

Или имате МАНУ, ќе видиме новиот назив како ќе биде, меѓутоа македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци“ рече Пендаровски.

Во септември мината година, во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во врска со името на МАНУ, Пендаровски, меѓу другото рече:

Ако академиците согласно меѓународната пракса избоксуваат МАНУ да си го задржи своето име јас им плаќам пијачка на сите. Јас ги частам сите ако успат тоа да го избоксуваат зошто пред да пробаат да преговараат со Грците тоа мора да го направат и со Албанците“ – рече Пендаровски.