„Република Северна Македонија во наредните 40 до 50 дена влегува во еден период кој може да биде турбулентен и од политички и од безбедносен аспект, затоа што во наредниот период очекуваме завршување на неколку битни ратификации во однос на нашето НАТО членство и во средината на следниот месец очекуваме одлука на Европскиот Совет за отворање на пристапните преговори со Европската Унија“, соопшти претседателот Стево Пендаровски по денешната конститутивна седница на Советот за безбедност.



Претседателот,на прес конференција, информираше дека Безбедносната состојба во земјава е стабилна.

Како што рече, нема никакви индикатори ниту внатре во нашите граници, ниту надвор од границите во блискиот и поширокиот регион дека таа би можела битно суштински да се влоши до ниво да го загрози интегритетот и суверенитетот на земјата.