„Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели“ реплицираше денеска претседателот Стево Пендаровски на тврдења на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Македонија биле убиени 10.000 Бугари по Втората светска војна.



Не постои ни еден релевантен  историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ниво  светска историографија дека 10.000 луѓе  биле убиени во концентрациони логори во тоа време кај нас. Ннешто што може да влезе во таа дефиниција  на концлогор постоело во Хрватска на Голи Оток. На територијата на Македонија никогаш немало конлогори ни тогаш, ни денес. 

Две години повторувам – ако во однос на овој спор се концентрираме предоминантно на решавање на историските контроверзи никогаш нема да се договориме. Ако се концентрираме на она што е вистински реален  критериум за влез во ЕУ-  корупцијата, владеењето на правото, борба за човекови права и слободи – брзо ќе дојдеме до заеднички прифатлива солуција. 

Историјата на историчарите, актуелните проблеми денес. Ние не сме избрани на избори за да решаваме кој која националност бил во време на Самуиловото  царство туку да ги решаваме проблемите на граѓаните сега“, му порача Пендаровски на Радев. 

Радев: Вачно Михајлов го спречи Хитлер да ја вовлече Македонија во братоубиствена војна со Бугарија

За улогата на Ванчо Михајлов и дали е европско однесување цел бугарски државен врв да го слави тука во Скопје, Пендаровски рече:

„Постојат потврдени историски факти и извори, што не ги спори ни бугарската  историографија, дека Ванчо Михајлов  бил соработник на Хитлер. Во 1944 година, по негова директна инструкција, доаѓа во Скопје во обид да воспостави независна македонска држава. Кога не добива поддршка од локалното население, репортира назад во неговиот шеф во Берлин дека тоа не е можно, така што само тоа е доволно да го прави фашист. Во однос на квалификациите дали нацистите морале да убиваат луѓе за да бидат нацисти ќе речам дека, ако си следбеник на таа идеологија, си нацист, ако ја користиш како во неговиот случај  за остварување за сопствени политички цели – си нацист. Ванчо Михајлов бил неспорно корисник и следбеник на нацистичките идеи во тој период“, порача Пендаровски. Во спротивно, додаде тој, би  би зборувале за воен злосторник. 

За барањето на Софија Бугарите да се внесат во Уставот, Пендаровски одговори дека како ретко за што има политичка волја и кај власта и кај опозицијата да се прифати тоа, но останува прашањето за тајмингот и која е гаранцијата дека некоја идна бугарска влада повторно нема да бара промена на Уставот и други политички барања. Затоа, порача тој, еден од начините тоа да се реши е можеби преспанската формула, што знаши инаку таква отстапка да се направи откако Македонија ќе влезе во ЕУ.