„За секого што нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка““, порача шпефот на државата Стево Пендаровски во својот завршен годишен говор пред пратениците во Собранието.



Тој порача идната власт веднаш да спроведе прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај политичарите.

Пендароваски, како што рече, е разаочаран за тоа што за многубројните судски постапки нема судска завршница:

„Во редица судски процеси не видовме завршница, дел од најголемите правни случаи застареа, а креаторот на режимот избега и од правдата и од државата. Притоа ниту една институција не кажа јавно како тоа воопшто беше возможно.

Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше аферата ‘Рекет’ во која меѓу обвинитете за тешки дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана да ги гони криминалците. Порачувам веднаш по изборите да се спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но и кај политичарит“, реше Пендаровски.